Манекенката Камила Кендра на почетокот на годината беше во врска со седумкратниот шампион во Формула 1, Луис Хамилтон, а сега ужива во прегратките на фудбалерот на Челзи, Бен Чилвел.

Чилвел и манекенката ја криеја романсата, но сепак ги изневери фотографијата која Камила ја објави на својот инстаграм-профил. Манекенката сподели фотографија на која позира во раскошен амбиент, а фановите веднаш препознаа дека е направена на имотот на фудбалерот на Челзи.

  • Бен и Камила одлично се согласуваат, изјави пријател на фудбалерот за британски „Сан“.

Камила неодамна беше снимена на трибините на „Стемфорд Бриџ“ за време на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Челзи и Јувентус. Инаку, Чилвел моментно се рехабилитира од повреда, а близината на згодната Камила сигурно ќе му годи.

Во продолжение неколку фотографии од згодната Камила: