Дома СВЕТ Камерон: Можно е на Велика Британија да и треба нов референдум

Камерон: Можно е на Велика Британија да и треба нов референдум

38

Поранешниот британски премиер Дејвид Камерон, кој ја донесе одлуката за одржување на референдумот за Брегзит во 2016 година, изјави дека можеби ќе треба уште еден референдум за да се излезе од ќорсокакот во кој се најде земјата токму за ова прашање.

Во интервју за британскиот „Тајмс” тој ова го изјави во пресрет на објавувањето на неговите мемоари, пренесуваат британските медиуми.

Според него, Брегзит без спогодба со ЕУ би бил лош исход што не треба да се продолжи, како и тоа дека втор референдум и натаму е опција за земјата, пренесе Би-Би-Си.

Не велам дека тоа ќе се случи, туку само дека не треба да се исклучат ваквите работи, бидејќи морате да пронајдете начин за деблокирање на оваа блокада, рече Камерон, кој беше британски премиер до референдумот во 2016 година.

Тој го обвини актуелниот премиер Борис Џонсон дека ужасно се однесувал во текот на кампањата за референдумот и истакна дека резултатот од тој референдум лично многу го депримирал.

Зборувајќи за актуелната ситуација во Велика Британија тој оцени дека излегувањето на земјата од ЕУ се претвори во „ужасна ториевска психодрама” за која не гледа излез.