Камбаната што никогаш не заѕвони

106

На денешен ден во 1836 година во московскиот Кремљ била поставена Цар-камбаната. Цар-камбаната е излеана во XVIII век и сѐ уште е најголемата камбана на светот. Со тежина повеќе од 202 тони и висина повеќе од 6 метри, никогаш не била поставена во камбанарија и никогаш не ѕвонела.

Одлуката да се излее огромна камбана за Кремљ е донесена од царицата Ана Јоановна во 1730 година. По 18 месеци подготовки, камбаната е излеана во 1735. Како резултат на пожар две години подоцна, камбаната паѓа од конструкцијата, при што едно парче се откршува. Повеќе од еден век стои во дупка, затоа што инженерите не знаеле како да ја извадат.

Дури во триесеттите години од 19 век францускиот архитект Огист де Монтферан, кој го изградил Исакиевскиот храм во Санкт Петербург, смислува план како да ја подигне Цар-камбаната од дупката. Откако е направено тоа, камбаната е поставена на пиедестал во Кремљ.