Калчо интерес за Боатенг

95

Лондонскиот премиерлигаш Арсенал доби сериозна конкуренција во италијанскиот калчо гигант Милан кога е во прашање потписот на искусниот дефанзивец од редовите на актуелниот шампион на Германија, тимот на Баерн (М), Џером Боатенг.

Поранешниот репрезентативец на Германија не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа сака да ја смени клупската средина. Од неговата продажба, челниците на баварскиот гигант очекуваат заработувачка не помала од 25 мил. евра.