Калчо дуел за Милитао

63

Големите ривали од италијанската Серија А, Милан и Рома, ќе се обидат до крајот на зимскиот преоден рок да ги осигураат услугите на бразилскиот интернационалец од редовите на актуелниот шампион на Шпанија, тимот на Реал (М), Едер Милитао. Централниот дефанзивец не е задоволен од минутажата која ја има во актуелната сезона и затоа сака да ја промени клупската средина веќе во јануари. Италијанските калчолигаши сакаат прво да го позајмат поранешниот фудбалер на Порто.