Калчо дуел за Киеза

75

Големите ривали од италијанската Серија А, Интер и Јувентус, ќе се обидат за време на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на најдобриот фудбалер во дресот на Фиорентина, Фредерико Киеза.

Репрезентативецот на Италија веќе има изјавено дека му е убаво во Фиренца, но има и изјавено дека сака да игра за тим кој секоја година се бори за шампионската титула во Серија А. Челниците на Фиорентина ќе седнат на преговарачката маса само доколку официјалната понуда за крилниот напаѓач не биде помала од 60 мил. евра.