Калчо дуел за Видал

49

Вечните ривали од италијанската Серија А, Јувентус и Интер, ќе се обидат до крајот на летниот преоден рок да ги осигураат услугите на чилеанскиот интернационалец од редовите на каталонскиот гигант Барселона, Артуро Видал. Искусниот играч за врска сигурно ќе си замине од „Ноу Камп“ затоа што не е дел од плановите на новиот тренер на Барса, Роналд Куман. Двата клуба се подготвени да одвојат околу 15 мил. евра за неговите услуги.