Калиопи, поп-дивата, искрено за синот, песните, новинарите, луѓето…..Мојот брак е мојата професија!

472

Лелеле, леле кога ќе се сетам, сега ми е многу смешно. На новинарот веднаш по мојата победа на „Златно славејче“, а тогаш бев дете, му кажав: Ако сакаш интервју ќе ме почекаш бидејќи сум многу гладна. Прво ќе јадам бурек, па после ќе муабетиме, ахахахааа….

Што да се каже за нашата поп-дива, а тоа да не биде дека се повторувате, кога за Калиопи нема нешто што не се знае. Можеби од толку многу работи кои ги знаеме за мега популарната пејачка ние овде во Македонија, дури сега (деновиве) некои нови како да ги откриваат медиумите во соседството… Или остана уште тоа да дознаеме, како всушност настана нејзиниот голем хит, денес веќе евергринот „Бато“?

-Навистина само мал број луѓе го знаат тоа, многумина не знаат за создавањето на хитот „Бато“, вели Калиопи. Јас и Ромео, мојот поранешен сопруг, бевме тогаш заедно со групата на тримесечна турнеја низ поранешниот Советски Сојуз. Беше многу напорно, речиси секој ден по два концерта. И се случи една ноќ не можевме да заспиеме јас и Ромео кога на него му дојде неопислива инспирација. Се фати за гитарата, а зборовите и нотите надоаѓаа сами од себе онака многу спонтано. Чиста инспирација!

“Така се роди “Бато“ една од најубавите песни на овие географски простори, песна која и денес се пее на секој мој концерт, песна во која публиката максимално ужива без резерва, каде и да ја пеам „Бато“ од Вардар па до Триглав. Се пее сложно од збор до збор. Некогаш на концерт по барање на публиката морам и по два, три пати да ја испеам. Тоа се тие песни како „Бато“ кога ќе влезат под кожа и кои остануваат за сите следни генерации.Штета што таа песна не замина на некоја од “Песните на Евровизија“ Сигурно ќе беше победник“!

0За синот Пако не зборувате многу или не сакате или тој не сака?
-Главно, тој не сака. Пако ми кажа отворено: Заборави ме мајко во своите интервјуа, не сакам никакво спомнување, ниту публицитет, не сум јас позната личност. Така што слика моја со него во некој весник или на портал никогаш не сте виделе, зашто тој тоа не го сака. Јас ја почитувам неговата желба! Тој по своја желба остана да живее во Швајцарија со татко му Ромео. Уметнички е надарен, но не е врзан за оваа естрадната работа и ако е мојот голем искрен критичар.

0Каква Ви е комуникацијата со новинарите, дали има и такви кои не ве почитуваат?
-Можеби и има од тие, јас не забележувам такви. За мене се новинарите, медиумите многу важен дел од мојата работа, без нив не би била денес ова што сум. Ова не е никакво додворување кон седмата сила. Имам јас една интересна случка со еден новинар уште од моето детство кога победив на „Златно славејче“. Тогаш дојде новинарот да направиме интервју, а јас имав само осум години.

Бев многу важна. Лелеле, леле кога ќе се сетам, сега ми е многу смешно. На новинарот веднаш му кажав: Ако сакаш интервју ќе ме почекаш бидејќи сум многу гладна. Прво ќе јадам бурек, па после ќе муабетиме, ахахахааа…. А, ете што да правам, таква сум јас, малку повеќе од шашава, да не сум таква, можеби немаше да успеам во кариерата.

0Еднаш имате изјавено дека Вашата професија е Вашиот брак, мошне интересна, сосема необична изјава,што подразбира тоа?
-Тоа е навистина така кај мене. Што треба да ви кажам после моите два неуспешни брака? Јас сум мажена за музиката, не сум мажена за мажите. Имам такво чувство. Сè што правам, тоа го правам за сцената, за настапите, за публиката, за песните. Живеам секој ден заедно со песната, таа е смислата на мојот живот. Среќна сум што имам една прекрасна публика не само тука кај нас туку и на сите простори од поранешната Југославија.

0Имате чувство дека луѓето ве сакаат и ако има и такви кои постојано се трудат да наметнат поинакво мислење за Вас?
-Не само што го имам тоа чувството на сакање на публиката кон мене туку тоа и во средбите со луѓето кога не сум на сцената го доживувам. Ќе ви ја кажам случката од еден граничен премин. Кога ме виде царинарникот врисна од вистинска среќа: „Калиопи, сега кога и во живо Ве запознав, денот ми тргна“! Искреноста му ја забележав на лицето. Ете тоа сè ви кажува, не треба да ви дообјаснувам за сакањето со луѓето.    Д.М. /фото:ФБ