Калиопи и пее и слабее!

313

– Обожавам храна, обожавам да јадам, но исто така ги сакам овие резултати после избрани порции. Ова продолжува… вака ја известува јавноста, а и своите фанови нашата поп дива Калиопи околу својот избор на храната. Но и околу тоа колку ослабнала. А, со слабеењето и одела и песната во домашен амбиент. Па, така пред некоја вечер додека уште е топло времето Калиопи на терасата од станот со своите другарки Маја Создановска и Јулија Огненовска си направиле вечерна забава за душа. Комшиите не се побуниле, бидејќи добиле гратис концерт и песни кои ги сакаат. Сè во живо. Само така Калиопи, и пеј и слабеј! Д.М.