Ник Калатес наводно има лош однос со првиот тренер на Барселона, Шарунас Јасикевичиус. Тоа е причината поради која ова лето разгледува опции да си замине од каталонскиот тим.

Грчкиот плејмејкер има уште една година од тековниот договор со Каталонците. Неколку опции стојат на маса пред него, Макаби и Фенербахче стојат во ред за неговиот потпис, а не се исклучува можност да се врати во Соединетите Американски Држави.

Ник (33) од пред две години е дел од Барса. Претходно ја играше втората етапа во дресот на грчки Панатинаикос. И покрај ѕвездениот тим, каталонскиот гигант не успеа да освои голем трофеј во тековната сезона. Во Евролигата и домашното првенство запиша порази од вечниот ривал Реал Мадрид.