Агентот на еден од најдобрите кошаркари во историјата Мајкл Џордан, Дејвид Фалк, со јавноста подели неверојатна приказна за неговиот клиент. Тој во една емисија откри како неговиот пулен пропуштил да заработи 100.000.000 долари.

Единстевено што требало да направи Џордан е да се појави на еден настан кој траел два часа и да ја договори рабората.

  • Пред три години дојдов кај Мајкл со спонзорска понуда од сто милиони долари. Единствено што требаше да направи е да се појави на еден настан во трааење од два часа за камерите да го регистрираат. Тој одби. Бог да го благослови. Толку е успешен за да може да бира што сака, а што не сака. Навистина му завидувам. Многу е селективен кога станува збор за работата, односно во она, во што сака да биде вклучен, откри Фалк.

Богатството на Џордан се проценува на повеќе од две милијарди долари, а има и доживотен договор со производителот на спортска опрема Најк. Тој е исто така сопственик и на НБА франшизата на Шарлот Хорнетс.