Како цуциња – големиот Здравко Чолиќ со помалиот брат Драган

171

Иако многумина знаат дека Здравко Чолиќ има брат по име Драган, тие денес како возрасни мажи со своите семејства многумина ретко се појавуваат во јавноста и во медиумите. Особено ова важи за Здравко како мегапопуларен пејач кој приватноста успешно ја крие.
Затоа и голем број луѓе не можат да се изначудат кога некаде со него ќе ја видат и неговата сопруга Александра која живее мошне повлечено посветена исклучиво на сопругот, домот и ќерките. За Драган доста помалку се знае.

А, и тој е финансиски богат човек. Исто така живее во Белград и има своја ќебапчилница која одлично му работи, а во која најпопуларни се токму сараевските ќебапи. Занает кој Драган одлично го научил додека живееше во Сараево, а велат дека рецептот му ја даде тамошниот ќебапчија Хоџиќ.
Но после босанската војна целата фамилија Чолиќ се преселува во Белград. И едниот и другиот брат се силно врзани еден за друг, особено откако пред некоја година им починаа родителите.
Инаку, деновиве Здравко е на третман пак на хипербарична комора, во која често оди за да ги освежи гласните жици, да ги чисти белите дробови во ова време на пандемијата на коронавирусот, но и поради  подобар физички изглед на неговите 70 години.
(Д.М.)