Продажбата на конзервирана храна, сапун и производи за чистење и дезинфекција се зголемува насекаде во светот од почетокот на епидемијата на коронавирус, но потрошувачите почнаа да акумулираат и друг производ – тоалетна хартија. Многумина се прашуваат – зошто тоалетна хартија.

Психолозите велат дека тоалетна хартија станала „икона“ на масовна паника, пренесува CNBC.

„Во време на несигурност, луѓето влегуваат во зона на паника што ги прави ирационални и целосно невротични“, смета Димитриос Циврикос, кој предава потрошувачка и деловна психологија на Универзитетскиот колеџ во Лондон.

„Кога влегуваат во супермаркет, луѓето бараат нешто вредно и нешто големо. Ги привлекуваат големите пакувања на тоалетна хартија со кои сакаат да го вратат чувството на контрола“, вели Цивирикос, осврнувајќи се на потрошувачката паника околу епидемијата.

Експертите исто така се согласуваат дека системот и власта се одговорни за оваа ситуација, бидејќи нема јасни упатства што треба да прават граѓаните, наведува CNBC.

Соочени со ширењето на коронавирусот, Јапонците погодени од паника почнаа да прават залихи, како на тоалетна хартија, а кога се создаде недостиг во маркетите, почнаа да крадат од јавни тоалети.

Ист случај со скалдирање на тоалет хартија има и во Австралија, каде не помогнаа ниту апелите на надлежните, кои се обидуваат да ја смират ситуацијата убедувајќи ги граѓаните дека не им се заканува никаков недостиг на тоалетна хартија, како и дека најголемиот дел од тој производ во земјата е од локално производство.

Извор: CNBC