Како танцуваа Буш и Путин во Сочи?/ВИДЕО

61

Кремљ објави видео со кое одбележува 20 години од доаѓањето на власт на претседателот Владимир Путин. Снимката е создадена во 2008 година и ги прикажува Путин и поранешниот претседател на САД, Џорџ В. Буш како танцуваат на традиционална музика во Сочи.

Буш го посети Сочи, откако ги поттикнуваше Грузија и Украина да влезат во НАТО-пактот на самитот на западниот блок во 2008 година.

Тоа беше последна нивна средба како претседатели, откако Путин еден месец подоцна стана премиер, а Буш идната година го наследи Барак Обама.