Како силуваната мајка може да го гледа детето плод на тоа злосторство?

312

За време на војната во БиХ се силувани помеѓу 30 и 50 илјади жени, девојчиња и мажи. Како последица од овие злосторства кон жените, се раѓаа и деца

Ајна Јусиќ е девојка родена во 1993 година во сигурна куќа, како жртва на силувањето на мајка и за време на војната. Мајка и тогаш имала 22 години. Таа својата приказна ја раскажа за „Бука“.

Ајна за своето потекло дознала кога била дете, пред единаесет години, и и било потребно долго време да пронајде начин да се носи со болната вистина. За време на тој процес имала и стручна психолошка помош, а со својата приказна во јавност за првпат излезе пред една година, сакајќи да им помогне на другите деца и нивните мајки кои го имаат истото искуство.

-Сеедно колку е болно да се зборува за ова, тоа има своја цел, мислам дека повеќе нема смисла мајките и децата да живеат во тој свет на срам што го наметна општеството само затоа што некоја жена преживеала силување, вели Ајна за „Бука“, додавајќи дека токму затоа денеска се занимава со оваа проблематика во рамките на организацијата Заборавените деца на војната.

-Сакаме да донесеме промени, не само поради мене и мајка ми, туку поради децата ширум светот кои се раѓаат како последица од силување, за нивната иднина да ја направиме барем малку посветла и поубава, вели Ајна.

Ајна и мајка и со години поднесувале навреди, насилство и суров однос од заедницата. Отсуството на системска поддршка за жените кои претрпеле силување за време на војната, ги оставило на милост и немилост на заедницата која не покажала ни разбирање ни емпатија.

-Нашето општество е традиционално склоно кон предрасуди, стереотипи и фактот што мајките биле препуштени на заедницата, што се прогласени за обесчестени жени, предизвика многу работи, вели таа.

Ајна за време на детството често била жртва на врсничко насилство. –Децата ме туркаа и задеваа само затоа што немав татко и не знаев каде е.

Дури и еден професор во средното училиште покажал целосно отсуство на емпатија, инсистирајќи Ајна да му каже податоци за татко и, кои за неа биле непознати, поради што станала предмет на подбив во училиштето.

Потоа, Ајна решила да ја побара вистината за своето раѓање.

-За мојата приказна дознав пред единаесет години, но ми требаа уште единаесет за да можам да излезам во јавност. Откако дознав, одев на стручна психолошка помош, имав криза на идентитетот која следува по дознавање на ваква вистина. Потоа имав големи  стравови. Колку и да бев охрабрена благодарение на стручната помош, во мене имаше страв, вели Ајна.

Во моментот кога како девојче го прочитала деталниот опис на злосторот што и се случил на мајка и, нејзиниот свет се претворил во црнила, објаснува Ајна.

-Тогаш заборавив на некои мои соништа и фантазии кои дотогаш ги имав. Сфатив зошто детството понекогаш ми беше толку грдо и дека тука каде што живеам не може да биде доволно убаво и сфатив зошто заедницата така ја третираше мајка ми и дека до крајот на мојот живот веројатно и мене ќе ме третира така, вели таа.

На почетокот мислела дека мајка и не ја сака, дека ја мрази, оти е тешко да живееш покрај некој кој е роден како последица од такво страшно злосторство.

Една од најтешките работи со кои овие мајки мораат да се носат е фактот дека нивното родено дете ги потсетува на човекот кој ги злоставувал.

-И мајка ми имаше проблем со некои мои физички сличности со личноста која и го сторила тоа злосторство. Јас сум единствената во семејството која има кафени очи, сите други имаат сини. Мајка ми сама минувала низ различни внатрешни борби, никој не и пружил психолошка помош. Морала сама да минува низ моментите и кога ме сакаше најмногу на свет и кога во некој момент ме мразела и се плашела од мене и не можела да ме гледа. Така, самиот факт што немало поддршка за жените жртви сам по себе зборува за тоа што јас преживеав со мајка ми кога таа имаше некакви спомени на она што и се случило, раскажува Ајна.

За подобро да ги разбере луѓето и нивните постапки, а особено во контекст на военото злосторство силување, Ајна завршила психологија.

Децата родени како последица од силување во војна не постојат како посебна категорија во ниеден закон во БиХ. Ајна се залага за тоа овие деца да ги добијат истите права како децата на загинатите борци и шехиди.

Во Историскиот музеј на БиХ е творена изложбата Breaking free посветена на жените жртви на силување во војна и децата родени како последица на тие злосторства.

Целото интервју можете да го погледнете тука.