Како се создаде шопинг феноменот „Црн петок“?

156

Терминот „црн петок“ (Black friday) потекнува од САД, каде што на првиот петок по Денот на благодарноста, трговците максимално ги намалуваат цените, со што започнува празничната сезона.

Ви откриваме како настанал “Black Friday” и дали воопшто има врска со шопингот.

Вистинскиот празник за сите шопингхоличари во Америка е актуелен уште од 1952 година, а набрзо оваа традиција заживеала и во Велика Британија, но и во останатите делови од Европа како Германија, Австрија и Швајцарија.

Сепак, најголемата манија која се случува на овој ден со огромни попусти е секако на тлото на Америка, каде продавниците се отвораат уште во текот на ноќта (четврток кон петок), а редиците за чекање се формираат во текот на раните утрински часови.

Сосема е логично што токму шопингхолијата наречена “црн петок” станала национален феномен во Америка, бидејќи сè почнало на тоа тло.

Имено, со оглед на тоа што “Black Friday” се одржува секој прв петок по најголемиот американски празник – Денот на благодарноста (кој се слави секој четврт четврток во ноември), тој петок се одржувале големи паради, кои (повторно традиционално) ги спонзорирале најголемите трговски куќи “Macy’s” и “Eaton’s”.

Овие паради претставувале најголем дел од маркетиншките кампањи пред Божиќ, а резултирале со тоа мноштво луѓе да заминуваат во шопинг веднаш по парадите.

Набрзо овој обичај заживеал како традиција, за во 30-тите години на минатиот век всушност и претпоследниот петок во ноември да стане денот кој ја отвора сезоната на празничен шопинг.

Со оглед на тоа што Денот на благодарноста е најголемиот семеен празник во Америка, кога од сите краеви на земјата семејствата се собираат на трпезата на традиционален ручек, наредниот ден (во петок) кога сите се враќаат кон своите домови, а притоа се одржуваат и разни паради, во градовите настанувал целосен колапс во сообраќајот, поради што овој ден го прогласиле за “црн петок”.

Имено, со оглед на тоа што “црниот петок” се практикувал како ден за шопинг, сосема логично растел бројот на потрошувачите, но и на профитот во продавниците.

Наглиот скок на продажбата, во денот кој го одбележувал почетокот на празничната шопинг манија, продавачите го обележувале со црна боја, додека пред тоа продажбата била обележувана со црвена боја.

Овој скок на продажбата низ продавниците исклучително им се допаднал на сопствениците на продавниците, па затоа одлучиле максимално да ги искористат погодностите на “црниот петок”, како за поголема заработка, така и за привлекување на вниманието кон своите производи.

Попустите се неизоставен дел од “Black Friday”, а со годините, влогот почнал сè повеќе да се зголемува, а продавниците меѓусебно да се натпреваруваат во привлекување на што поголем број на купувачи.

Резултатот беше попуст од над 70 проценти, мегаломанска продажба, работно време кое започнуваше до четири, па дури и пет часа порано.

Сепак годинава работите се малку поинакви.

По неколку месеци пад на продажбата и слаб бизнис, надежта ја нуди големата продажба на црниот петок, кога традиционално започнува периодот за празничен шопинг.

Оваа година, поради епидемијата на коронавирусот, се препорачува да купувате преку Интернет, да посетувате пазари на отворено или да преземате купена стока преку Интернет од паркингот пред продавниците.

Сепак, Црниот петок се очекува повторно да биде еден од најпрометните денови кога станува збор за шопинг, особено во САД.