Речиси не постои љубител на спортот кој никогаш не слушнал за Роки Марчиано. Непобедливата легенда во светскиот бокс, чиј живот заврши трагично, во рингот беше вистински убиец и си замина како непоразен со 49 победи.

Роко Франсис Марчиано, како што беше неговото целосно име, порасна во малиот град Броктон. Тој е син на италијански имигранти и затоа неговото патување кон врвот во тешка категорија било исполнето со многубројни проблеми.

Роки сонувал еден ден да биде бејзбол играч или американски фудбалер, но тој никогаш не успеа да го исполни тој сон. Го напушти училиштето во десетто одделение и замина сам да заработи пари, копајќи канали и правејќи сè што никој не сакаше.

Неговата љубов кон боксот се родила во 1943 година. Роки бил ангажиран во американската армија, а воедно бил и дел од познатата операција „Битка за Нормандија“. Потоа започнал да се бори на турнири организирани од армијата, и тука сè започнало.

По враќањето дома, започнало лудилото. Никој не ни замислувал дека од него ќе стане нешто. Пушел и по две пакувања пури на ден, алкохолот бил вообичаен, како и уличните тепачки, па често го гледале „мртов пијан“.

Меѓутоа, во 1947 година се случи пресвртна точка во неговиот живот. Тој реши да се откаже од алкохол и пурите и започнал сериозно да тренира. Пет години подоцна следува најголемата борба за живот. Борба за титулата во тешка категорија и натпревар против Џо Волкот. Во 13. рунда, Роки со два силни удари го погодува противникот и го „заспива“ во рингот. Со тоа, Марчиано стана светски шампион. Тој беше на врвот четири години, но на 32-годишна возраст реши да замине. Кариерата ја заврши на 21 септември 1955 година со победа над Арчи Мур, што беше негова 49. победа во кариерата.

Роки Марчиано беше убиен на 31 август 1969 година во падот на „Цесна“, ден пред неговиот 46-ти роденден, а трагедијата го потресе целиот свет.

Неговата приказна подоцна го инспирираше Силвестер Сталоне да го напише сценариото за познатиот филм „Роки“.

Марчиано честопати може беше неправедно запоставен кога станува збор за пласман на најдобрите на сите времиња, бидејќи сигурно заслужува да биде при самиот врв.