Македонскиот и се уште европскиот ракометен шампион Вардар, во новата сезона освен со нов сопственик ќе влезе и со драстично изменет состав. Новиот финансиер Михајло Михајловски, навреме го сложи тимот за наредната сезона во која „црвено – црните“ ќе играат во Лигата на шампионите, во А – групата со ПСЖ, Киелце, Порто, ПИК Сегед, Мешков Брест, Елверум и Флензбург.

Тренерот на вардарци Стевче Алушовски, навреме ги доби засилувањата кои ги посакуваше. Доби играчи со кои соработувал во минатото, но доби и македонски репрезентативци кои исто така силно ги посакуваше во Вардар.

Во новата сезона „црвено – црниот“ дрес ќе го носат репрезентативците Филип Талески (лев бек), Гоце Георгиевски (десно крило) и Томисла Јагуриновски (десен бек), потоа Французинот Робин Контеграл (голман), Хрватите Анте Гаџа (среден бек), Ловро Јотиќ (среден бек), Јосип Векиќ (десен бек), Србинот Марко Вујин (десен бек) и Полјакот Патрик Валчак (пикер)

Од старата гарда дресот на македонскиот шампион ќе продолжат да го носат Стојанче Стоилов, Иван Чупиќ, Тимур Дибиров, Кристијан Дисингер, Борко Ристовски, додека од малдите надежи догвори со евроскиот шампион потпишаа: Димитар Димитриоски, Марко Кизиќ, Марко Мишецски, Мартин Карапалески и Васил Гогов.

Вардар е двократен европски шампион, првата титула ја освои во 2017 годин, а втората лани и поради коронавирусот не доби можност истата докрај да ја брани на терен. ЕХФ одлучи на завршниоот турнир кој го поместија за декмври годинава во Келн да играат двата најдобропласирани тима од двете групи (ПСЖ, Веспрем, Кил и Барселона).