Како неочекуван новогодишен бакнеж: Коктел со шампањ и шеќерна волна

165

Да се разбереме, шампањот не е за опивање, ни за претерување, во него не се ужива како во зреено вино. Шампањот е за наздравување, за честитање и одбележување на неповторливи моменти. А послужен во коктел, веќе добива поинакво ниво на елеганција.

Овој коктел со шеќерна волна дефинитивно ги надминува сите дефиниции за префинета отменост на вкусот. Доволно палав, сериозно прецизен во доживувањето што сака да го предизвика.

Потребно е:

  • шампањ, или некое розе пенливо вино
  • шеќерна волна со вкус/боја по желба

Приготвување:

Само треба да наполните високи, тенки чаши за шампањ и пред послужувањето на врвот од секоја чаша да ставите по една топче од шеќерната волна.

Треба да се внимава шеќерната волна да не го допре шампањот, инаку ќе се растопи.

Шеќерната волна ќе ја изгуби својата мекост со време, па внимавајте да не ја ставите пред време.