Како Милан остана без Лука Модриќ

87

„Лука Модриќ му вети на Милан дека сериозно ќе размисли за преселба на Сан Сиро за време на летниот преоден рок, но сега веќе не постои таква опција“, пишува познатиот италијански портал „Калчомеркато“.

Единствената причина поради која репрезентативецот на Хрватска повеќе не размислува за трансфер во редовите на калчо гигантот е заминувањето на Звонимир Бобан. Станува збор за еден од неколкуте идоли на Модриќ, кој пред неколку месеци беше избркан од редовите на седумкратниот европски клупски шампион поради лошите резултати и несогалсувањата кои ги имаше со извршниот директор, Иван Газидис.

  • Модриќ има специјален однос со својот идол и никогаш не криел дека како дете навивал за Милан. Сакаше да дојде во Милано пред да му истече договорот со Реал (М) кој е со важност до 2021 година, но поради заминувањето на Бобан, прекинати се сите контакти помеѓу Лука и Милан. Сега Модриќ размислува прво да го одработи договорот кој го има со „кралскиот клуб“, а потоа без никакво обештетување да потпише за некој друг клуб и таму да ја заврши својата богата фудбалска кариера, откри „Калчомеркато“.

Хрватскиот интернационалец го носи дресот на шпанскиот гигант од 2012 година и ги има освоено сите можни трофеии на клупската сцена. Поради отказот за Бобан, голема е веројатноста дека Милан на крајот од сезоната ќе остане и без услугите на легендарниот капитен Паоло Малдини и без услугите на најголемата ѕвезда на „Сан Сиро“, Златан Ибрахимовиќ.