Како изгледа вистинско „перење на мозокот“?/видео

177

Можеби не сте знаеле, но нашиот организам секоја ноќ го чисти нашиот мозок. Неуронаучниците направиле фантастично видео на кое се гледа пулсирачкото чистење на нашиот мозочен апарат, пишува Science Alert.

Според најновото истражување, во текот на ноќта, низ нашиот мозок поминуваат бранови на цереброспинална течност, пулсирајќи ритмички додека ние спиеме и ги чистат штетните токсини. Цереброспиналната течност го исполнува просторот околу мозокот и рбетниот мозок и ги штити од директен допир со черепот околу мозокот.

„Веќе некое време знаеме дека во неуроните постојат бранови на електрични активност. Но,  дури сега воочивме бранови во цереброспиналната течност“, рекла Лора Луси, неуронаучник од Бостонскиот универзитет.

Бидејќи со текот на процесот на стареење опаѓа фрекфенцијата на мозочни бранови, оваа најнова студија би можела да ни помогне при истражувањето на проблемите поврзани си стареењето, заедно со специфичните пореметувања карактеристични за староста.