За многу луѓе, пиењето утринско кафе е дел од нивната секојдневна рутина. Сепак, додека илјадници луѓе се потпираат на првото кафе, кое ќе им помогне да го одработат работниот ден, експертите советуваат дека можеби е подобро да почекате неколку часа за да може најдобро да го почувствувате кофеинскиот ефект.

Во моментот кога ќе започнете да размислувате за вашата прва утринска шолја кафе, вашиот ендокрин систем генерира и ослободува „допамин“ познат како хормон на задоволство и добро расположение. Почнувате да се чувствувате добро дури и од помислата дека наскоро ќе ја испиете првата шолја со кафе.

Според списанието Journal of Social Science Information, варењето кафе или заминувањето во омиленото кафуле, го поттикнуваат создавањето на допамин во вашиот организам.

Од друга страна, според списанието American Chemical Society, аромата на кафето е исклучително важна.

„Кога ќе се разбудите и ќе помирисате кафе, веднаш се чувствувате подобро“, велат научниците.

Вашето тело го апсорбира кофеинот и потребни се само неколку минути за да дојде до мозокот. Кога ќе стигне до мозокот, се врзува за невроните кои го привлекуваат хормонот од кој ни се спие и затоа кафето е нашиот „будилник“.

Истражувањата, исто така, покажаа дека секоја наредна шолја кафе нема да има исто влијание како првата утринска.