Како да се будите поубави?

182

По убаво преспиена ноќ лицето изгледа помазно и подмладено, а очите сјајни и свежи. Проверете на себе зошто квалитетниот сон е мелем за убавината, а не само мит.  Впрочем, ако сами не се поднесуваме кога сме ненаспани, како ќе им бидеме привлечни на другите?!

Телото се лади околку половина степен исчекувајќи го времето на заминување на починка, а заради тоа крвниот систем го зголемува дотокот на крв во кожата. Од таа причина и често се заруменуваме навечер. Набрзо по заспивањето, доаѓа до наплив на хормонот за раст и токму тој период на длабок сон е она што се означува како сон за разубавување, кога лачењето на хормонот за раст го помага оздравувањето и обновата на ткивата на телото како што се мускулите и коските. Во текот на длабокиот сон многу телесни клетки доживуваат зголемено производство, намалено разградување на протеини. Бидејќи протеините се градивна основа потребна за раст на клетките и обнова на оштетувањата предизвикани од стрес и ултравиолетови зрачења, длабокиот сон навистина може да се окарактеризира како сон за разубавување.

Додека спиете, целото тело, вклучително со лицето, се поти, а таа влага овоможува „пеглање“ на брчките. Сонот е, со други зборови, природен крем за третман на мазнење на кожата.

Длабокиот сон помага при намалување на негативните влијанија на хормонот на стрес, кортизолот. Нивото на хормонот за раст се намалува со текот на годините и зголемувањето на стомачните масни наслаги, доаѓа до зголемување на чувството на замор и вишок на хормонот на стрес. Активностите во деловите од мозокот кои управуваат со емоциите, процесите на донесување одлуки и социјалните интеракции, значително се намалуваат во текот на длабокиот сон, што значи дека тој помага и при одржување на оптималното емоционално и социјално функционирање додека сме будни. Тоа е уште една од предностите на сонот што разубавува.