Како да се одблокира работата на Комисијата за избори и именувања?

95

Итен избор и именување на кадар во повеќе институции и тела од страна на Комисијата за прашања на изборите и именувањата,бараат дестина мрежи на здруженија на граѓани.

Изборот и именувањето на повеќе тела е закочен во Комисија за прашања на изборите и именувањата, со што овие институции не можат да ги исполнуваат своите надлежности, да ги спроведуваат реформите во своите области и соодветно да ги промовираат и заштитуваат правата на граѓаните, да ја мониторираат работата на извршната власт и да ги спроведуваат новите законски решенија. Се работи за институции кои се од исклучителна важност за демократизацијата на нашето општество како: Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, Дирекцијата за заштита на лични податоци, Агенција за слободен пристап до информации од јавен карактер, Државниот завод за ревизија, програмски совет на МРТВ, Советот на Агенцијата за аудио и аудио-визуелни медиумски услуги, Судскиот совет и надворешниот механизам за граѓанска контрола врз полицијата при Народниот правобранител.