Сепак, самите ние сме тие што треба да се потрудат за летно расположение: ќе ѝ објавиме војна на летната депресија со облекување лесна летна гардероба, која подразбира маци и кошули со јаки бои, летни долги или куси панталони за мажите и летни фустани за жените. Исто така, треба да се пијат летни поладни овошни коктели, да се избегнува алкохол, да се носат сандали или папучи за на плажа наместо патики, да се гледаат на Јутјуб убави морски дестинации, да се слушаат омилените песни и, едноставно кажано, да се фантазира

За многу луѓе, летната депресија има големо значење. Се јавува тага во душата за деновите што поминуваат. Бидејќи најчесто го поврзуваме летото со одмор, сонце, одење на море, опуштање на плажа, позитивни емоции, кога ќе помине сето тоа, се јавува летна депресија. Совршен лек не постои, но за утеха, тука се многубројните фотографии и омилените песни што ги слушаме за време на летувањето, на плажа, во некое кафуле или, можеби, на некоја хотелска тераса со своите најмили.

Експертите не се сто отсто сигурни за точните причини на летната депресија, но откако ќе се вратиме од море, сеќавањето на таа топлина на морскиот воздух исполнет со мирисот на солта игра важна улога во нашите емоции. Симптомите на летната депресија се незаинтересираност, мрза, губење апетит или обратно, потреба за обилно јадење, проблеми со заспивањето, губење интерес за секс, за гушкање, за муабет, потреба за плачење или разочараност од секојдневието во местото во кое живееме

Летната депресија влијае врз задоволството од физичкиот изглед

Во лето, кога сме на море, не ни треба некоја посебна облека. Тогаш нашето тело е изложено на туѓи погледи. За некои луѓе, ова може да биде трауматично и да влијае врз самодовербата. Освен тоа, луѓето на плажа се споредуваат со другите, па копнеат да изгледаат така. Жените најчесто им љубоморат на другите жени на изгледот на градите доколку се сончаат топлес. Мажите се љубоморни на другите мажи ако тие имаат одлични мускулести гради. Сето тоа може да го зголеми психичкиот притисок, кој води до летна депресија.

 Финансиски грижи

Во текот на летото се прават поголеми трошоци, особено кога сте на море. Можете лесно да се скарате со партнерот ако потрошите многу пари на некоја вечера со морски плодови или ако преку ден заминете на некоја скапа морска екскурзија. Одморот им е потребен на сите, но, за жал, многу луѓе не може да си дозволат да летуваат на море. Токму тоа предизвикува незадоволство, бес, разочараност, грижа, депресија, многу негативни коментари на социјалните мрежи.

За постарите, жештината е неподнослива

Додека некои луѓе, најчесто помладите, уживаат речиси по цел ден да се „печат“ на плажа за да фатат чоколадна боја на кожата, на други, и тоа на постарите, многу им пречи тоа. Таквите, нели постарите, остануваат на плажа два-три часа и потоа се затвораат во климатизирани простории, што е грешка. Тогаш, затворени меѓу четири ѕида, често ги прескокнуваат физичките активности како што е пливањето во море, сами,  без друштво, гледаат телевизија, не се симнуваат од социјалните мрежи, секакви глупости им паѓаат на ум… и тие фактори влијаат на појавата на летна депресија.

Докторите препорачуваат доволно смеење со причина, слушање смирувачка инструментална музика, добар сон, пливање ако сте на море или на езеро, лесни летни јадења, сезонски салати и сезонско овошје. Но, доколку сте веќе во тој стадиум да се лекувате од летна депресија, се препорачува разговорите со стручно лице да бидат во текот на целото лето, од крајот на мај до почетокот на октомври.                    Сепак, самите вие сте тие што треба да се потрудат за летно расположение. Секојдневно облекувајте лесна летна гардероба, која подразбира маци и кошули со јаки бои, летни долги или куси панталони за мажите и летни фустани за жените.

Исто така, пијте летни поладни овошни коктели, избегнувајте алкохол, носете сандали или соодветни папучи за на плажа наместо патики, гледајте на Јутјуб убави морски дестинации и, едноставно кажано, фантазирајте слушајќи ги омилените песни, сонувајте, зошто да не, дека сте нудист…..Само така ќе ѝ објавите војна на летната депресија. /Foto:Instagram/