Како Борисов си ги кара соработниците: По три пати ќе викаш: Нема да има патарина! (видео)

266

Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера се појави разгневен на средба со министрите, откако дознал дека жители на населени места во близина на Софија решиле да излезат на протест, откако дознале дека треба да плаќаат вињетки (патарина) за да можат да одат на работа по обиколницата околу градот, пренесува бугарскиот портал Блиц.

Няма да допусна поредни протести заради винетките. Разпоредих незабавни мерки от страна на АПИ, така че хората от населените места около София да не плащат за винетки. Те са част от града. Още днес хората трябва да бъдат информирани, че няма да е нужно да си купуват винетки.

Posted by Boyko Borissov on Wednesday, February 19, 2020

„Каде е шефот на Агенцијата за патишта? Зошто ми правите така? Нели знаете дека бргу ќе се расправам со вас? Како може да ми го истерате народот на улица за таква глупост?“, со овие зборови Борисов ја започна средбата со министрите.

„Ве прашувам, за да знам дали да ве „управам” уште денес. Многу бргу да реагирам сега или после ручек? Тие луѓе гласаа ли за градоначалник на Софија? Гласаа! Какви вињетки ќе плаќаат тогаш?

Сакам сега да отидеш кај сите тие луѓе во населените места и како гласник по трипати да викаш: Нема да има вињетки!

„Ќе викаш по трипати, се извинуваш и се враќаш“ – му нареди Борисов на шефот на АПИ Георги Терзииски. „Ако веднаш не направите така, ќе зажалите – пресече бугарскиот премиер, по што Терзииски ја напушти средбата.

Блиц потсетува дека гневот на премиерот се должи на веста дека жителите на Нови Искар протестирале. Ова се случи откако стана јасно дека вињетката требаше да ја купат речиси 20.000 софиски граѓани за да одат на работа. Причината за ова е што во моментот се плаќа за премин по обиколницата Софија, која го одделува главниот град од софиските предградија.