Новак Ѓоковиќ на тренингот во четврток имаше специјален спаринг партнер. Тој одигра „меч“ со синот Стефан, што наиде на воодушевување на Вимблдон.

Официјалниот Твитер профил на турнирот објави речиси идентични слики од двајцата тенисери – Новак и Стефан – со шеговит коментар за неодамнешната изјава на Ѓоковиќ дека ќе се обиде да стигне до 100 победи, откако стана првиот играч во светот кој стигнал до 80 победи во четирите Грен слем турнири.

„Да дојдеме до 100 (победа на Вимблдон) пред младите да ги преземат работите во свои раце“, се вели во коментарот.

Истата слика ја објави и Новак Ѓоковиќ, наведувајќи дека „многу е убаво да се види сето ова“.