Каков татко таков син – пејачот Тома Здравковиќ има вистински наследник

608

Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како сум израснал без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ

Синот на легендарниот српски пејач Тома Здравковиќ, Александар Здравковиќ, бил во Белград на 30-годишнината од одбележувањето на смртта на својот славен татко, како и на премиерата на играниот филм за пејачот, родум од околината на Лесковац. Александар сега живее во Торонто со канадско државјанство, во градот каде што неговите родители се запознале. Во Белград бил дојден со мајка му Гордана, инаку четвртата жена на Тома. Здравковиќ ја запознал Гордана во Торонто, а во 1978 година го добија синот, по што пејачот се вратил во тогашната Југославија и продолжил да живее како разведен.
Сепак, гените се феномен, така што и тој се занимава со музика, а музичката кариера се одлучи да ја започне во Торонто каде што отворил приватно музичко студио во кое компонира нови песни.

Тома Здравковиќ во бракот со сопругата Гордана Здравковиќ го доби токму синот Александар, кој никогаш не сакаше да биде присутен во медиумите.
Тома и Гордана биле во брак 18 години, а во текот на нивниот бурен заеднички живот се случувале разни турбулентни ситуации поради неговиот нестабилен карактер на голем боем, вљубеник во кафеаните и многу жени.

-Кога ќе дознаат чиј син сум прво ме прашуваат како сум израснал без него. Некогаш се претставував како Александар Саша за да го избегнам товарот на презимето Здравковиќ, бев премлад кога почина татко ми. Подоцна сфатив што тој значеше за музиката од Вардар до Триглав, раскажа неговиот син. (Д.М.)