Властите во Рим им забранија на туристите да одат полуголи низ улиците на градот. Во италијанската престолнина, мажите нема да може да шетаат без маица, а жените нема да смеат да носат многу куси провокативни маици, кои им ги прекриваат само градите, додека стомакот е откриен. Исто така, сите ќе мора да носат и обувки, пишува „Индепендент“.

На тој начин во Италија се борат со, како што велат, лошото и немилосрдно однесување на туристите, а на многубројните лоши навики на странците се жали и локалното население.

Освен тоа, забрането е користење „љубовни катанци“  на мостовите во Рим, пливање во градските фонтани, како и консумирање брза храна на јавни места, скали и покрај споменици.

Од туристите, се бара и да не влегуваат во каналите и да немаат излети на места кои не се предвидени за тоа.

Забрането е предолго задржување на мостовите, возење велосипед, стоење или лежење на клупи, како и џогирање и занимавање со спорт на непрописен начин и непропишани места.

Старите правила се изменети за да бидат во рамките со однесување на современото општество, изјавил Марко Кардилиј, заменик шеф на Одборот за безбедност во Собранието на Рим.

Казната за крешење на забраната изнесува 400 евра.