Казни за 599 возачи за пребрзо возење

31

Во текот на вчерашниот ден на територијата на Република Северна Македонија санкционирани се 599 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената.

МВР денеска соопшти дека од нив, 91 возило се движело со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 16 возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

– Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Скопје – 106, СВР Штип – 99, потоа на територијата на СВР Охрид-71, на автопатот Скопје-Велес и на скопската обиколница – 66 санкции, на територијата на СВР Тетово – 63… – се наведува во соопштението од МВР.

Само на територијата на град Скопје во рамки на засилените сообраќајни контроли вчера изречени се вкупно 247 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 106 санкции.

Од МВР денеска соопштија дека од вкупниот број изречени санкции, 13 се за прекршоци што го чинат возачите на мотоцикли, три санкции за возачи почетници, 12 санкции за управување без возачка дозвола.

– Изречени се 45 санкции за возење под дејство на алкохол, 10 санкции за управување на технички неисправни и нерегистрирани возила, три санкции за некористење сигурносен појас, четири санкции за минување на затворен сигнал (црвено светло), 22 санкции за непрописно паркирање – стои во соопштението.