Казни за сопственикот кој рамнел земјиште на Водно за градење

145

Сопственикот кој рамнеше земјиште во парк-шумата Водно, за да го подготви теренот за градење, ќе добие казна од општина Центар. Ова следува по увидот што го направија инспекторите од Секторот за инспекциски работи на општината.

– Се работи за четири парцели во приватна сопственост, кои се надвор и од Деталниот урбанистички план и од Генералниот урбанистички план и се водат како земјоделско земјиште, односно лозја. На овие локации не е предвидена никаква градба, ниту пак, населба. На сопственикот ќе му биде врачено решение итно да го врати земјиштето во првобитна состојба и ќе биде изречена казна. Сопственикот исто така е пријавен во МВР, кое ќе го повика на разговор. Доколку се утврди прекршување на законските одредби, ќе добијат соодветни кривични пријави. Граѓаните да бидат спокојни, на тоа место нема ништо да се гради – информираа од општина Центар.

Во меѓувреме, ја нема градежната механизација која работеше на локацијата покрај пешачката патека Словенска која води до Средно Водно.

Фото: сител