Казните за измамничко рекламирање за „Блек фрајдеј“ од 4.000 до 5.000 евра

426

Државниот пазарен инспекторат денеска ќе соопшти дали имало измами со понудените попусти од страна на трговците за време на „Блек фрајдеј“ во шопинг-центрите.

Од Инспекторатот велат дека во моментов се прават споредбени анализи на претходните и цените на производите што се нуделе за време на „Блек фрајдеј“ (Црн петок), а дали имало и какви неправилности, ќе соопшти утре по скенирањето на ситуацијата.

Казните за измамничко рекламирање се движат од 4.000 до 5.000 евра за трговецот, велат од Инспекторатот.