Казнети 90 возачи во Скопје

21

На територија на Град Скопје вчера во спроведените сообраќајни контроли биле изречени вкупно 90 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина три санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, пет санкции за користење мобилен телефон, три мерки за нерегистрирани возила…

Од Министерството за внатрешни работи најавуваат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредните денови.