Казнети нудисти на италијанска плажа, на себе имале само маски

343

Шест нудисти кои се сончале и капеле на бреговите на езерото Комо на северот во Италија, биле казнети со по 3.333 евра за „непристојно однесување во јавноста“.

Полицијата додека патролирала на плажата Абади Ларијан, со цел да го контролира држењето на социјална дистанца меќу луѓето, забележала неколку мажи на возраст од 43 до 68 години. Локалните медиуми пренесоа дека лицата кои се сончале голи, сепак не заборавиле да стават маски.

На плажите на езерото Комо имало околу 70 капачи, воглавно туристи од Јужна Америка и источна Европа, како и од околните италијански провинции.

Италијанската покраина Ломбардија, каде што се наоѓа езерото Комо, е најтеѓно погодена со епидемијата на Ковид 19, и иако мерките постепено се ублажуваат, носењето маски е задолжително.