Затворска казна од 19 години  доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна дека помогнала во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година во атарот на селото Љуботен.

ОЈО Скопје, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднесе обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини Ангела дека како соизвршител, заедно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело  – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење.