Ако веруваме на зборовите на Шамс Харанија, инсајдерот на „Атлетик“, центарот Демаркус Казинс својата кариера ќе ја продолжи во екипата на Хјустон. Според изворот, 30-годишниот Американец потпишал негарантиран договор за период од една година.

Казинс е четирикратен НБА ол-стар играч и олимписки шампион со тимот на САД. Минатото лето, кошаркарот потпиша договор со Лејкерси, но беше избркан од тимот во февруари 2020 година, бидејќи немаше одиграно ниту еден натпревар за Лејкерс поради повреда на коленото.