Казахстан е една од најпопуларните дестинации за Русите кои бегаат од мобилизација

146

Во регионот на Западен Казахстан за само три дена, од 20 до 23 септември, пристигнале околу девет илјади руски државјани, соопшти граничната служба на Казахстан.

Како што јави БИ-Би-Си, луѓето чекаат во долги редици за да ја поминат границата, а да се најде стан во пограничните градови е речиси невозможно.

Раководството на киното Синема Парк (CinemaPark) во Уралск во Казахстан ги покани Русите да преноќат во кино салата.

„Луѓето беа навистина исплашени, збунети. Од околу 23 часот почнаа да доаѓаат, откако цел ден не нашле каде да преноќат. Ослободивме една сала, организиравме чај, доброволци донесоа храна. Така собравме околу 200 луѓе”, вели директорот на киното.