По 2,5 години пандемија, желбата за сонце и плажа е толку голема што резервациите ги надминуваат очекувањата на индустријата, пишува германскиот весник Handelsblatt.

Во текстот за летната сезона во туристичките дестинации во Европа, весникот ја рангираше Турција како најевтина, а Грција како најскапа.

„За европската туристичка индустрија, ова лето е големо враќање. По 2,5-годишна пандемија, желбата за сонце и плажа е толку голема што резервациите ги надминуваат очекувањата на индустријата“, пишува Handelsblatt, а според податоците на Greekcitytimes.

„Во некои дестинации се очекува дури и да ги надмине нивоата на предпандемијата од 2019 година, година која беше рекорд за многумина. Сепак, летувањата поради високата инфлација, која достигна 8,1 во еврозоната, се уште поскапи.

ЛЕТУВАЊЕ ВО ГРЦИЈА

„Грција е нова ѕвезда во подем меѓу дестинациите за одмор по пандемијата“, пишува Handelsblatt, осврнувајќи се на цените за летување во оваа држава.

„Растеат цените на хотелите со четири ѕвезди. Ако некој не внимава на Миконос, безмилосно ќе го растргнат: 79 евра порција лигњи на скара, 15 евра еспресо“, пишува авторот на написот, кој тврди дека и покрај гневот кај многуте патници по неверојатни цени на овој остров, желбата за патување во Грција не стивнува.

„Брендот Грција привлекува. За најголемиот европски туристички агент Tui, Грција е една од најпопуларните дестинации за 2022 година. Компанијата сака да донесе три милиони посетители во Грција оваа година, а голем дел доаѓаат од Германија“.

Според Здружението на грчките туристички компании SETE, Грција има корист од добрите одлуки што ги донесе во врска со мерките за време на пандемијата на коронавирус, но и од разноликоста што им ја дава на своите посетители.

Сепак, целта од 31,3 милиони посетители во 2019 година веројатно нема повторно да се исполни. Една од причините е отсуството на руски и украински туристи, кои во 2019 година ги имало околу 800.000.

Оваа година се очекува да биде поставен нов рекорд по бројот на посетители од САД. Големите авиокомпании, Delta, American и United, нудат повеќе директни летови од кога било досега.

Според написот, Американците се многу добредојдени посетители, бидејќи трошат значително повеќе пари од другите странци.

ЛЕТУВАЊЕ ВО ТУРЦИЈА

Што се однесува до Турција, сите производи поскапуваат поради рекордната инфлација, пишува германскиот весник, а во текстот објаснува дека тоа е делумно надоместено со падот на вредноста на турската лира за странските туристи.

„Одморот во Турција е релативно евтин, бидејќи дополнителните трошоци во хотелиерството се сè уште ниски“, наведува весникот.

Покрај тоа, војната во Украина сигурно ќе влијае на фактот дека значително помалку туристи ќе дојдат во земјата и од Украина и од Русија.

Затоа „all inclusive“ хотелите, особено во регионот на Анталија, се соочуваат со предизвикот да ги издадат своите соби на патници од други земји по пониски цени. Сепак, туристите треба да бидат свесни дека другите услуги стануваат поскапи.

Ако се возите со такси од аеродромот до хотелот, плаќате значително повеќе во евра отколку порано. Истото важи и за цените на рент-а-кар и гориво, како и за тури со автобус и брод, пишува Б92.