Каде лежи Хитлеровото злато? 28 тони нацистичко богатство се сокриени под полски дворец од 16 век!

667

Под средновековен полски замок би можело да се сокриени десетина тони нацистичко злато. Станува збор за 28 тони злато кои најверојатно се сокриени на територијата на замокот Хохберг во Вроцлав. Се вели дека таму би можело да бидат сокриени и вредните работи на богатите Полјаци кои морале да го предадат на хитлеровата единица СС во време на напредувањето на Црвената армија во 1945 година.

Експертите сметаат дека дошле до информација за тајното место со богатство проучувајќи дневник на офицер од озогласената СС дивизија. Дневникот го напишал Егон Оленхауер, кому Хитлер му наредил да го сокрие нацистичкото богатство.

Се смета дека офицерот на Третиот рајх сокрил 260 камиони со различни вредни работи. Во неговиот дневник се споменуваат 11 места на кои би можело да е сокриено богатството.

Ако претпоставките се вистинити, во Полска би можело да бидат закопани предмети во вредност од 1,25 милијарди фунти. Меѓутоа, научниците сѐ уште не добиле дозвола за ископување на теренот, што го отежнува планирањето, пишува „Дејли мејл“.

Дневникот на Оленхауер стана познат пред две години. Според тврдењата на истражувачите, кога Црвената армија ја почнала офанзивата Хитлер наводно наредил камионите да се сокријат во Шлеска.

Меѓу другото, стаува збор и за речиси 30 тони злато и уметнички дела од познати автори. Ракописот е чуван во една од германскиот религиозни организации, која се смета за масонска ложа.

Извор: dailymail.co.uk