Каде да потпишам за преигрување на финалниот натпревар

57

Најрадикалните фанови на фудбалската репрезентација на Англија, веднаш после поразот од Италија во финалниот натпревар од ЕП 2020 побараа преигрување на последниот дуел, а како причина за таквото барање го посочија грубиот старт на Џорџо Киелини кој во последните моменти од дуелот на „Вембли“, намерно го дресот го повлече Букајо Сакa.

Во 96 минута фудбалерот на лондонскиот премиерлигаш Арсенал беше во контранапад по дестана страна од игралиштето, а откако беше претрчан од Сака, дефанзивецот на Јувентус со двете раце го фати за горниот дел од дресот и го собори на зелениот терен.

За таквиот старт, репрезентативецот на Италија доби жолт картон, но голем е бројот на англиски фанови кои сметаат дека Киелини е преблаго казнет и дека морал да добие црвен картон. Истите тие бараат повторување на финалниот натпревар и судија кој нема да биде пристрасен.

Веќе се покренати повеќе петиции, но англиските медиуми открија дека мал е бројот на потписи. Целата ситуација ја искоментира и поранешниот репрезентативец на Италија, Клаудио Маркизио, кој откри дека е подготвен веднаш да ја потпише петицијата за преигрување на натпреварот.

  • Се извинувам, но каде може да ја потпишам петицијата за преигрување на финалниот натпревар против Англија? Италија ќе победи и да се играат уште 1000 натпревари, напиша поранешниот фудбалер на Јувентус на својот твитер профил.