Кадетите и се реваншираа на Аргентина и завршија на 13. место на СП

60

Македонската кадетска ракометна репрезентација ѝ се одмазди на Аргентина во мечот за пласман, совладувајки ја со 29:26 и заврши на 13. позиција на Светското првенство (СП) кое се игра во Скопје.

Најдобар кај нашиот национален тим беше Симоноски со девет гола, а Младеновиќ даде шест,  додека кај Аргентина, Гарсија заврши со пет погодока.

За нашиот национален тим ова беше прв настап на кадетските Мундијали. Групата се заврши со две победи над Нигерија и Бахреин и три порази од Аргентина, Данска и Јапонија. Португалија, пак, го исфрли нашиот национален тим во осминафиналето.