Искусниот напаѓач Единсон Кавани е желба на Атлетико Мадрид во зимскиот преоден рок. Но, пречка за трансферот е договорот на Уругваецот со „светците“, кој истекува за шест месеци. Спортскиот директор, пак, на францускиот гигант, Леонардо објави дека фудбалерот се обратил во клубот за дозвола за трансфер.

  • Веќе подолго време зборуваме исти работи. Наша желба е да остане во клубот, но официјално побара трансфер. Имаме понуда од Атлетико Мадрид од која не сме задоволни. Таа не соодветствува со вредноста на играчот, изјави Леонардо.

Кавани покажува дека сè уште може да игра на врвно ниво и покрај фактот што во февруари ќе го прослави 33-от роденден. Во ПСЖ се пресели од Наполи за сума од 55 милиони евра и во изминатите години стана најдобар стрелец во клупската историја со 195 постигнати голови во 269 одиграни натпревари.