Кавани најблиску до „Ноу Камп“

79

Шпанската Ла Лига сигурно ќе биде следната дестинација на уругвајскиот интернационалец од редовите на најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, Единсон Кавани. Искусниот напаѓач на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен фудбалер и поради таквата ситуација челниците на „црвените ѓаволи“ се принудени да го продадат веќе во јануари. Најголем интерес за неговите услуги покажуваат раководните лица на каталонскиот гигант Барселона.