И филмовите во криза поради корона вирусот: Одложено снимањето на „Невозможна мисија“ во Италија

211

Планираното тринеделно снимање на седмото продолжение на филмот „Невозможна мисија“ (Mission Impossible) во Италија е одложено поради појава на заразата со корона вирус, пренесоа американските медиуми.

Филмот го снима студиото Paramount Pictures со американскиот актер Том Круз во главната улога.

„Поради претпазливост за безбедноста на актерскиот тим и на сите инволвирани во снимањето, а воедно и напорите и препораките на локалната венецијанска влада да се избегнуваат јавни собири како одговор на заканата од коронавирус, ние го менуваме планот за продукција што се однесува на тринеделното снимање во Венеција“, рече официјален претставник на студиото за медиумите.

Снимањето требаше да започне во понеделникот во Венеција, каде требаше да се одржат последните два дена од Венецијанскиот карневал, но карневалот заврши во недела.

Бројот на случаи на коронавируси во Италија надмина 230, а два случаи се пријавени во самата Венеција.

Извор: BBC