Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Димче Арсовски, ја запроси својата девојка Соња Тодорова, а таа емотивно му возврати: Среќен роденден, љубов моја, ти посакувам многу здравје и среќа!

Велат дека јавноста во Македонија била изненадена кога портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димса Димче Арсовски, ја запроси својата девојка Соња Тодорова. А, зошто? Веројатно дека изненадувањето се поклопи и со она на Коста Костадин, портпарол од СДСМ, кога тој ја запроси својата девојка Марија Десанова. Па, оттука овие (временски) споредувања… Но како и да е, и време им е и на двајцата да се збогуваат со ергенскиот живот.

И после, демек, ништо не било случајно во животот. Не е случајно, веруваме и тоа што запросувањето се случи токму на роденденот на Димче. Па, тој убав повод Соња на Димса му прати емотивна порака: „Среќен роденден, љубов моја. Ти посакувам многу здравје и среќа, а желбите веќе ни се остварија“. Што значи дека Димче на својот роденден ја побара раката на својата сакана, и ја доби за идна сопруга како највреден подарок, а среќната вест Соња ја сподели и на Инстаграм.

-Роденденски подарок за мене или за него? За двајцата, љубов моја!                    Инаку, убавата струмичанка долго време привлекува внимание во Македонија, секако со својата природна убавина. Таа живее во Скопје и се занимава со маркетинг. Мажите често воздишуваат по Соња кога ќе ја видат на улица или продавница ….додека портпаролот Димче за девојките во Македонија неофицијално важи за еден од најзгодните фраери.       Д.М. фото:ФБ/Инстаграм