Кога пред само неколку дена објавивме за легендарниот пејач Предраг Живковиќ Тозовац дека му е смачено од лекување во болница, ни на крај памет не ни беше дека најлошото може да се случи.

За жал, Тозовац почина денес на 85-годишна возраст, од коронавирусот. Неговото семејство, неговите пријатели, колеги од естрадата (и од Македонија), како  и самата сопруга Мима се скршени од големата болка. Сите се простуваат од музичката мега ѕвезда. Сопругата Мима само кусо изјави:

– Немам сила да зборувам. Изгубив дел од мојот живот. Ве молам, кажете им на луѓето да не ми ѕвонат на телефон, сосема сум психички уништена.

Легендарниот Тоза ќе биде погребан во Белград во Алејата на заслужни граѓани. Сочувство изрази и Претседателот Вучиќ.