И српските трговци се спремаат за неработна недела , црногорските отпуштаат работници

Во ЕУ во недела не работи трговијата во девет држави, меѓу кои и Франција, Германија, Австрија и Полска. Во Словенија продавниците исто така не работат во недела и за празници. Од неодамна неработна недела има и во трговијата во Црна Гора, но тоа не е по мерка на сопствениците на големите молови, кои правдајќи се со специфичности во работењето бараат да бидат изземени од овој закон.

198

По Црна Гора, обиди да ја укине работата во недела прави и Србија. Продавачите во малопродажните објекти во таа земја веројатно ќе имаат една или две неработни недели месечно, доколку не постои можност да биде секоја, објавија од Асоцијацијата на слободни и независни синдикати (АСНС), пренесе сајтот на „Блиц“.

Конечниот став на Министерството за трговија, туризам и телекомуникации на барањата на синдикатите да се забрани работата на продавниците последниот ден во неделата ќе се знае на почетокот на февруари, вели за „Блиц” претседателката на АСНС, Ранка Савиќ.

-Министерството на почетокот на февруари би требало да излезе со својот став и тогаш ќе знаеме дали во старт продавниците ќе бидат затворени првата недела во месецот или првата и последната, а има уште неколку можни опции.  Во секој случај, моделот што ќе се усвои ќе важи за сите трговци, и домашни и странски, објасни Савиќ.

Работна група, која ја формирало министерството сега прави анкета меѓу трговците, потрошувачите, добавувачите, работодавците и сите други учесници во синџирот на малопродажба, за да дојде до оптималниот модел.

Во трговијата во Србија има околу  200.000 вработени , а 70 отсто се жени. Во тој сектор платите се пониски и до 30 проценти од републичкиот просек.

Во ЕУ во недела не работи трговијата во девет држави, меѓу кои и Франција, Германија, Австрија и Полска. Во Словенија продавниците исто така не работат во недела и за празници.

Од неодамна неработна недела има и во трговијата во Црна Гора, но тоа не е по мерка на сопствениците на големите молови, кои правдајќи се со специфичности во работењето бараат да бидат изземени од овој закон. Од трговскиот центар „Делта сити“ во Подгорица велат дека за три месеци, колку што во Црна Гора со закон е забранета работа во недела и на државни празници, прометот им паднал за 18 проценти и отпуштиле повеќе 80 работници. Додаваат дека се очекува овие бројки да растат и дека падот на прометот се однесува на продажбата на облека и обувки, а не е забележан во супермаркетите.

-Она што предлагачите на законот не го зеле предвид е специфичноста на трговските центри, кои се повеќе дел од туристичката понуда, во случајот на Подгорица, се наведува во соопштението  на компанијата.

Исто така, забележлив е тренд на одење на граѓаните во Скадар, Требиње и Дубровник, каде што продавниците, посебно модните малопродажби нормално работат.

-Во овие држави од регионот и во повеќето европски земји трговските центри се изземени од примената на ваквите закони, поради значењето што го имаат во економскиот и социјалниот систем, наведуваат од „Делта сити“.