И сред корона македонската естрада работи:Во песната за брат и сестра, Александар и Сања со печалбарски копнеж

462

“Брат и сестра“ се слуша најмалку по педесетина пати во еден здив, поради нејзината убавина!

Во сред коронавирусот има и такви на естрадата кои не само што се одважни, храбри, преполни со верба во убавото утре, кои веруваат дека не е сè така црно, без разлика на сите таги и потешкотии кои нè снајдоа. Бидејќи со песна сè е полесно. Станува збор за познатиот дует на атрактивните Сања Ристеска и Александар Талески.

Тие сега ја пеат нежната, емотивна песна “Брат и сестра“ која е цела една приказна за нераскинливата љубов која постои помеѓу сестрата и братот. Песната, додека ја слушате, а морате да ја слушате најмалку по педесетина пати во еден здив, поради нејзината убавина, предизвикува низа силни емоции.

-Пред да ја снимиме песната, бевме водени од идејата дека секој од нас има по некој близок, поради кој ја искусил болката од тој вечниот печалбарски копнеж, велат Сања и Александар.

Кога ќе се спојат идејата и реализацијата, успехот е неизбежен. Текстот зборува многу, а тој е токму на Александар кој очигледно имаше голема инспирација и мотивација за да напише една ваква чувствителна песна. Музиката и аранжманот се на Флори Манев.

Спотот за песната се снимаше на неколку локации. Едната локација е во куќата на старата градска фамилија Стомнароски, а другата локација е Мариовски дел, и е во продукција на ИН-телевизија и МТ Мuzic Studio.   Д.М.