И со диплома и со бебе в рака:Се породила неколку часа пред дипломирањето, па деканот ја посетил во болница

85
Американката Џејда Сејлс имала две големи причини за славење во еден ден – се породила само неколку часа пред да дипломира.
Студирала право на Универзитетот Дилард во Њу Орлеанс. Терминот за породување бил 14 мај, односно истиот ден кога се одржала церемонијата на доделување на дипломите. Но, не мислела дека сето тоа навистина ќе се случи речиси во исто време бидејќи лекарите и рекле дека најверојатно ќе го „пробие“ терминот.
Добила контракции, но мислела дека тоа се само лажна тревога. Четири часа подоцна таа родила момче по име Истон.
Таа потоа му испратила порака на деканот Волтер Кимброу за да му каже што се случило.
 Откако ја пропуштила церемонијата, тој следниот ден ја посетил болницата и и врачил диплома.
„Честитки. Можете да легнете и да ја земете вашата диплома “, рекол деканот за време на импровизирана церемонија во болничката соба.

 

Присутни биле и членовите на нејзиното семејство. Кимброу додаде дека ова е голем успех со оглед на тоа што напорно учела и истовремено ја одржувала бременоста.