И Солскер им се смее колку се лоши

139

Со бодот кој го освоија на гостувањето кај новиот второлигаш, тимот на Хадерсфилд, фудбалерите на Манчестер Јунајтед и официјално останаа без пласман во Лигата на шампиони.

Тимот на Оле Гунар Солскер дојде во водство со погодокот на МекТоминеи во 8 минута, но во 60 минута, Мбенза израмни на 1:1. Стручниот коментарот на „Скај Спорт“, Гери Невил, во текот на целиот натпревар остро ги критизираше играчите на Јунајтед кои буквално се мачеа против екипата која од пред неколку недели е второлигаш.

– Ова не е тим. Колку подолго ги гледам, толку помалку личи на тим. Ме потсетува на Тотенхем во времето кога Маурицио Покетино на располагање ги имаше услугите на Адебајор, Кабул, Кирикеш и Капу. Тим составен од индивидуалци, без никаков дух и еден по еден беа исфрлени од соблекувалната. Тоа мора да го направи и Солскер, а би било убаво клубот да има искусен спортски директор кој би му помогнал во таквиот процес, изјави Невил за време на преносот.

Уште поостри критики Невил упати по израмнувачкиот погодок на Хадерсфилд.

– Го гледаме Хадерсфилд кој се мачи цела сезона. Немаат квалитет, но поубаво е нив да ги гледам отколку тие во црвениот дрес. Хадерсфилд барем има некаков идентитет, а ништо не ми се допаѓа околу Јунајтед. Ужасни се, група на немотивирани луѓе. Лук Шо не знае дали да игра со лева или со десна нога. И Солскер им се смее колку се лоши. Фановите на Јунајтед нон-стоп навиваат, но играчите ја исцицаа нивната енергија. Што да научиме за овие играчи? За нив сè се знае, додаде Невил.

Манчестер Јунајтед во новата клупска сезона ќе се натпреварува во групната фаза од најмасовното клупско натпреварување, Лига Европа.